Во Љубљана, каде што граѓани протестираат против новите мерки на Владата против коронавирусот, полицијата се обиде да ги растера демонстрантите со водени топови, а тие ги гаѓаа со камења и пиротехнички средства.
Согласно Уставот на Косово, Османи ќе ја врши должноста, не подолго од шест месеци, до именувањето на нов претседател на државата, кој се избира од Собранието.
Грција денеска бележи уште еден негативен рекорд, како во однос на новите случаи на Ковид-19, така и во однос на бројот на починати.
Земјата задутре влегува во втор карантин, а за разлика од првиот, сега маската е задолжителна при секое излегување, додека пак овој пат, отворени ќе бидат градинките и основните училишта.
Откако Хашим Тачи поднесе оставка од функцијата претседател по потврдата на обвинението од Хашкиот трибунал, реагираше и албанскот претседател Илир Мета.
Се влошува епидемиолошката состојба во Албанија, каде денеска за првпат бројот на новозаразени ја надмина бројката од 400.
Меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести Интернешнал (АИ) денеска оцени дека обвинението против косовскиот претседател Хашим Тачи претставува надеж за жртвите на косовската војна да се дознае вистината за злосторствата.
Во Косово вчера се извршени 1.617 тестови со методот РТ-ПЦР, при што е регистрирана рекордна бројка од 661 новозаболен од Ковид-19 во еден ден, јави дописникот на МИА од Приштина.
Алијансата за иднината на Косово (ААК) бара итна вонредна седница на Владата поради новосоздадената ситуација со обвиненијата од Меѓународниот суд за Косово против претседателот на државата Хашим Тачи и други основачи и водачи на Ослободителната војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
По веста за обинението од Хаг и оставката од претседателската функција на Хашим Тачи, целосна подршка изрази албанскиот премиер Еди Рама и како што наведува цела Албанија.