И покрај високата температура и сонцето, опремени со чадори, капи и шешири ја следеа промената на претседателската гарда пред споменикот на Незнајниот војник.
Во Тирана денеска заврши 51. Регионална конференција на Интерпол за Европа на која учествуваа околу 200 претставници од агенциите за спроведување на законот од европските земји.
Претставниците на САД и Европската унија, Џејмс О'Брајан и Мирослав Лајчак, во Брисел разговараа за настаните на Западен Балкан и за очекувањата за претстојниот период.
Владата на Косово денеска го одобри пакетот санкции против Исламската Република Иран и новиот пакет санкции против Руската Федерација, јави дописникот на МИА од Приштина.
Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, денеска е на распит во Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК.
Косовскиот премиер Албин Курти оцени дека ослободувањето и пожртвуваноста на многу генерации за независноста на Косово вредеа, затоа што земјата денес е поразвиена од кога било досега, јави дописникот на МИА од Приштина.
Бислими на денешната седница на Комисијата за евроинтеграции на Собранието на Косово изјави дека „содржината на извештајот е позитивна“.
Во Албанија, првото тромесечие од годинава забележано е намалување на платите и во јавниот и во приватниот сектор во однос на крајот на 2023 година.
Хил во интервју за денешното издание на неделникот НИН рече дека Европејците го бараат од Белград „токму тоа што велат дека го бараат, а тоа е нормализација“ и додаде дека ЕУ сака мир и безбедност во регионот и секако меѓу Србија и Косово.
Поради високите температури, Акропол и вчера беше затворен од 12 до 17 часот.