Грција треба да ја намали интензивната градба и да ги заштити водните ресурси и крајбрежните области доколку сака да одржи стабилен туризам, објави денеска грчкиот Народен правобранител.
Дебатата беше за законот за таканаречена диференцирана автономија на регионите предложен од десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони. Законот им дава на регионите поголеми овластувања, на што опозицијата се противи.
Мисијата на НАТО нагласува дека улогата на Алијансата е да одржува мирна средина и за сите луѓе во Косово и дека тоа го прави непристрасно и во согласност со мандатот даден од Обединетите нации.
Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џефри Ховениер, го опиша како „исклучително“ она што Косово го постигна 25 години по ослободувањето, воедно изразувајќи гордост за американско-косовското партнерство, јави дописникот на МИА од Приштина.
Турист од Бугарија го загубил животот откако паднал во бездна при обид заедно со бегов сонародник да се искачат на планината Језерце (албански алпи).
Во денешниот говор на свечената седница на косовското Собрание по повод 25-годишнината од Денот на ослободувањето на Косово, Бегај порача дека Албанците, наспроти таквата српска пропаганда, мораат да се обединат.
Преку бројот 112 за итни случаи кусо откако изби пожарот беше испратена порака до жителите на околните населби дека чадот се упатува во нивниот регион и да останат во внатрешноста со затворени врати и прозорци.
Османи во својот говор пред парадата на ФСК и косовската полиција на 25-годишнината од ослободувањето на Косово ја спомена жртвата и борбата на Ослободителната војска на Косово (ОВК), предводена од легендарниот командант Адем Јашари.
Во говорот пред војниците на почетокот на традиционалната парада на ФСК по повод Денот на ослободувањето, Курти ги спомена неодамнешните инвестиции во вооружувањето на Армијата и унапредувањето на војниците преку образование во најпрестижните воени академии во светот.
Месиќ, на свечената седница на Собранието на Косово по повод 25-годишнината од ослободувањето, рече дека „Европската унија е заеднички дом на регионот, а НАТО заеднички безбедносен и економски чадор“.