Голем број министри и претставници на институциите на Србија и на Република Српска (РС) денеска во Белград ќе се сретнат со своите колеги од Србија, во пресрет на манифестацијата „Сесрпски парламент“ (8 јуни) а најавено е потпишувањето на бројни договори и меморандуми.
Додик, кој беше во Санкт Петербург и таму се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, ги потврди плановите за организирање референдум за отцепување во изјава за агенцијата ТАСС објавена денеска.
Коментирајќи го барањето на Курти до посредникот на ЕУ во дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак да го испрати нацрт-статутот на ЗСО на евалуација до Венецијанската комисија, Тахири изјави дека премиерот бара „ЕУ и Лајчак да служат како портпароли на неговата Влада“.
Во координирана полициска акција спроведена во Белгија, Франција, Холандија, Германија, Италија и Австрија, против албанска криминална организација, уапсени се 17 нејзини членови.
Во Албанија отворени се 34 летни здравствени амбуланти за да ги опслужуваат домашните и странските туристи во крајбрежните и планинските туристички области.
Заменик-директорот на регионалната полиција на северно Косово, Ветон Елшани, потврди дека сопругата на Милан Радоичиќ е на распит во полициската станица во северниот дел на Митровица.
Владата на Србија денеска предложи во Кривичниот законик да се пропише посебно кривично дело и посебни казни за напад врз вработени во здравствени установи.
Движењето „Крени-промени“ одлучи да го напушти градското собрание на Белград и собранието на општина Нови Белград, изјави Саво Манојловиќ, носител на изборната листа за Белград.
Мисиите на КВИНТА, ЕУ и ОБСЕ во Косово и реагираа на Владата на Албин Курти, откако таа донесе одлука дел од недвижен имот во општините Лепосавиќ и Зубин-Поток во северно Косово, населено со мнозинско српско населеное, да биде експроприран за јавен интерес.
Поранешниот началник на криминалистичката полиција при Центарот за обезбедување во Бар, Илија Васовиќ е уапсен утрово во тој град по објавувањето информации во медиуми за него, јавуваат подгоричките медиуми.