Бројот на коверти со поштенско гласање за европските избори в недела што пристигнале во Министерството за внатрешни работи на Грција, досега надминува 150.000, соопшти портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.
Албанскиот претседател Бајрам Бегај потпиша уредба, со која, за прв амбасадор во Украина го назначи дипломатот од кариера Ернал Фило.
Гостувајќи на ТВ Прва Брнабиќ кажа дека ОДИХР е критичен кога станува збор за застапеноста на власта во медиумите и оцени дека РТС не бил наклонет на владејачкото мнозинство туку на опозицијата.
Брнабиќ за ТВ Хепи изјави дека победата на изборната листа околу СНС во повеќето градови и општини во Србија е голема одговорност, како и дека „победата на изборите не е триумф“, туку обврска да се сработи ветеното.
АНА-МПА пишува дека на туристите што во моментов се во Грција, нема да им биде прекинат одморот и регуларно ќе си продолжат сѐ до завршувањето.
Откако Градската изборна комисија (ГИК) во Ниш и додели нов мандат на СНС, претставници на коалицијата „Го бираме Ниш - Ѓорѓе Станковиќ“ поднесоа барање за увид во изборниот материјал за одборници на градот Ниш.
Конзервативната опозиција во Словенија поднесе предлог за спречување на утрешното гласање на словенечкото Собрание за официјално признавање на државата Палестина.
Шефот на канцеларијата на Европската унија (ЕУ) во Косово, Томас Шуњог денеска соопшти дека Косово добива 75 милиони евра од ЕУ како дел од Пакетот за енергетска поддршка.
Апликацијата ќе биде достапна од 10 јуни, а претпладнево ја презентираа министерката за туризам на Грција Олга Кефалојани и министерот за дигитално управување Димитрис Папастергиу.
Делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), предводена од Олексеј Гончаренко од Украина, од 7 до 10 јуни ќе ја посети Бугарија за да ги набљудува предвремените парламентарни избори на 9 јуни, соопшти прес-службата на ПССЕ.