На локалните избори што вчера се одржаа во 89 градови и општини во Србија, според првите проценки на невладините организации Цесид и Ипсос, изборната листа на СНС освои најмногу гласови на локалните избори во Белград, Ниш и Нови Сад.
Изборната листа „Александар Вучиќ – Белград утре“ освои 53 отсто од гласовите, односно 64 од 110 мандати во градското собрание на Белград на локалните избори одржани денес, соопштија агенциите Ипсос и Цесид.
Раша Недељков, програмски директор на ЦРТА, на прес-конференција изјави дека се забележани голем број неправилности, иако се работи за поединечни случаи. Најмногу неправилности се забележани во белградските општини Чукарица, Палилула, Вождовац, Звездара и Нови Београд.
Српскиот премиер и лидер на Српската напредна странка (СНС) изјави дека без разлика какви ќе бидат изборните резултати од локалните избори во 89 општини и градови, тој ќе ги признае без одолговлекување или оспорување на истите, јави дописникот на МИА од Белград.
Грчкиот премиер во изминатиот период како цел за евроизборите ги постави освоените 33 проценти пред пет години, а денеска рече дека може да се постигне тоа, а „зошто и да не и да се надмине“.
Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, вчера изјави дека на административниот премин Мердаре е уапсено лице осомничено за воени злосторства врз цивилното население на Косово, јави дописникот на МИА од Белград.
Албанската коалиција „За семејство и живот" денеска во Тирана, организираше "Марш за живот" во знак на несогласување со предлог-законот "Сексуален живот и репродукција".
Во Србија патниците кои патуваат на одмор со автобус преку агенции од денеска ќе можат да носат само еден багаж, односно куфер по седиште тежок 23 килограми, јави дописникот на МИА од Белград.
Хасани уверил дека Албанија останува решена да ја игра својата улога како цврст сојузник на евроатлантските вредности.
Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, денеска во Брисел изјави дека прашањето за отворање на главниот мост на Ибар во Митровица е дел од дијалогот меѓу Србија и Косово со посредство на ЕУ со цел „да се спречи нова криза“.