Пратеникот од единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот парламент, Васил Стерјовски, се приклучи кон групата пратеници од опозицијата кои најавија дека нема да ја гласаат изборната реформа, доколку не се исполнат неколку нивни барања.
Србија побара официјален одговор од грчките власти за проблемот со преминување на нивната граница од страна на српски државјани и чека одговор.
Италијанско воено возила влезе на словенечка територија, објави Телевизија Словенија повикувајќи се на армиски извори.
Косовскиот претседател Хашим Тачи и премиерот Авдулах Хоти, на нивната прва средба откако Хоти, на 3-ти овој месец, застана на чело на владата, постигнаа договор за идниот форум на лидери што новиот премиер вели дека ќе го формира за да го претставува Косово во претстојните преговори со Србија.
Црногорското обвинителство нареди 72-часовен притвор за двајца свештеници на Српска православна црква (СПЦ) во Црна Гора затоа што на вечерните литии во Подгорица и во Даниловград имало повеќе од 200 граѓани, колку е максималниот број на луѓе дозволено да се соберат на едно место.
Од Бугарија во Грција мат да влезат само државјани на ЕУ, а границата меѓу двете земји се отвори точно во 11 часот, соопшти денеска Бугарската гранична полиција.
За време на претседавањето со Советот на Европа, Германија ќе посвети максимално внимание за Западен Балкан.
Колона возила од околу 15 километри имаше кусо по отворањето на бугарско-грчката граница на преминот Промахонас, јави грчката државна телевизија ЕРТ.
Најмалку два метра растојание меѓу справите, но и меѓу лицата, кои се дел од групните тренинзи, ограничен број посетители, задолжителна регистрација пред влезот, антисептици, задолжително носење заштитни маски за вработените, се дел од упатствата и правилата под кои од денеска започнуваат со работа фитнес центрите во Грција по тримесечна пауза
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека посредникот на Европската унија во дијалогот со Србија, Мирослав Лајчак, кој утре треба да допатува во прва, тридневна, официјална посета Косово, е добредојден „единствено доколку ја прифаќа реалноста“, додека секој поинаков пристап од негова страна би бил „промашување“