За документот гласаа 76 пратеници од владејачкото мнозинство, двајца опозициски пратеници беа против, додека останатите пратеници од опозицијата не гласаа.
"Република Хрватска остана без уште една независна институција, бидејќи водството на Државното обвинителство (ДОРХ) го презеде Иван Турудиќ, кој јавно ја изрази својата приврзаност кон Хрватската демократска заедница (ХДЗ)", рече Милановиќ.
Шефот на Канцеларијата на Европската Унија во Косово, Томас Суниог, побара од косовските власти што поскоро да ја укинат одлуката за забрана за влез на српски производи во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Хрватската безбедносно-разузнавачка агенција (СОА) соопшти дека податоците за возилата и сопствениците на возилата во Хрватска не биле украдени преку хакерски напад, туку биле незаконски копирани од лица со пристап до информацискиот систем.
Според Османи, денешната одлука „ќе гарантира дека ќе се слушне гласот на нај-про-НАТО нацијата во целиот свет“.
Претседателот на грчката опозициска партија истакна дека тоа што се случува во Газа „не е нешто што ние како западен свет, Европа, Грција можеме да го толерираме“, а она што „се сметаше за самоодбрана на Израел од Хамас сега стана крвопролевање, масакр без крај“.
Во соопштението на Извршниот одбор на САНУ се нагласува „загриженоста за усложнување на ситуацијата во регионот, како и за повеќекратните негативни последици и новите трагични поделби до кои може да доведат непромислените политички потези и еднострани иницијативи“.
Албанскиот претседател Бајрам Бегај реагираше во врска со одлуката на Парламентарното собрание на НАТО со која Косово доби статус на придружна членка во Парламентарното собрание на НАТО.
По денешната одлука на ПС на Северноатлантската алијанса, напиша Маќедонци на својата страница на Фејсбук, Косово отсега натаму ќе има право да предлага и коментира за кој било процес или документ кој се третира во тоа тело.
Агенцијата за статистики на Косово (АСК), по завршувањето на пописот на населението, домаќинствата и становите, кој траеше од 5 април до 24 мај, проценува дека Косово ќе има околу еден милион и 600 илјади жители, јави дописникот на МИА Приштина.