Неколку илјади луѓе на велосипед протестираа доцна попладнево во Љубљана против коалициската Влада на десниот центар на премиерот Јанез Јанша, јави дописникот на МИА од словенечката престолнина.
Меѓународната награда „Сино знаме“ оваа година ја добија 497 грчки плажи, 14 марини и шест туристички јахти, со што Грција е втора во светот меѓу 47 држави, штита на природата, јави дописничката на МИА од Атина.
Црногорскиот здравствен систем се подготвува за евентуален нов бран на коронавирус, изјави денеска црногорскиот министер за здравство Кенан Храповиќ, иако, како што вели, прашање е дали воопшто ќе се појави нов бран
абраната за влез во Бугарија денеска е укината за одредени граѓани на државите членки на ЕУ и на Шенген зоната, меѓу кои се и Сан Марино, Андора, Монако и Ватикан, соопшти бугарското Министерство за здравство
Српскиот претседател Александар Вучиќ, на прес-конференција во Палатата на Србија, изјави дека „никогаш во неговиот живот“ никој не му кажал дека постои идеја за размена на 17 српски села во Косово за Прешево, Бујановац и Медвеѓа и дека таквите работи никогаш не ги коментирал, затоа што за нив слушал само во медиумите
Американската амбасадорка Јури Ким им порача на албанските политичари дека е „доста со игри“ и оти изборната реформа и реформата во правосудството се неопходни за да може Албанија да влезе во големото европско семејство.
Сакам да верувам, сигурна сум дека сите ќе продолжиме со истата одговорност и расположение за соработка, бидејќи целта е заедничка: напредок и просперитет на Грците и одржување на општествената кохезија, рече претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу на средбата со лидерот на опозициската СИРИЗА Алексис Ципрас
Словенечката полиција постави заштитна ограда околу Собранието пред вечерашните антивладини протести
Албанскиот премиер Еди Рама за телевизијата Њуз24 рече дека многу скоро ќе биде формирано ново граѓанско движење, кое ќе прерасне во партија на Мета
Албанскиот претседател Илир Мета повика на пристапување кон граѓанските движења, што се формираат низ целата земја за да се создаде обединет фронт за возобновување на демократијата преку слободни и фер избори