„Фактите се едноставни и јасни. Нема меѓународен заговор за укинување на РС, а Додик не може да издвои ниту една изјава на ниту еден американски функционер кој повикува на укинување на РС“, се вели во соопштението.
ЗНС преку соопштение наведува дека поради протест не учествува на тоа собрание, а официјален предлагач, како што е претходно договорено, бил Управниот одбор на ЕФЈ.
Собранието на Косово ќе одржи денеска пленарна седница на која ќе се расправа за трите години на Владата предводена од Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска оцени дека Резолуцијата на Генералното собрание на ОН за Сребреница претставува „пирова победа и фаул на големите западни сили“.
Министерот за надворешни работи во Советот на министри на БиХ, Елмедин Конаковиќ најави дека ќе испрати протестна нота до земјите членки на Генералното собрание на ОН што гласаа против резолуцијата за Сребреница.
Резолуцијата беше усвоена со 84 гласа „за“, 19 „против“ и 68 воздржани. ОН имаат 193 земји-членки.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека денеска на Генералното собрание на ОН во Њујорк, иако е усвоена резолуцијата за Сребреница, повеќе од две третини од светското население не гласало за резолуцијата, јави дописникот на МИА од Белград.
-Слогата ќе биде пораз за ѓаволот! Секогаш слободни и никогаш поразени! Поддршка за претседателот Вучиќ во безмилосната борба за нашиот народ и држава! Да живеат Србија и Српска засекогаш!, напиша премиерот Милош Вучевиќ на својот Инстаграм профил.
На денешната седница на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) беше усвоена Резолуцијата за геноцидот во Сребреница.
Претставници на 84 земји гласаа за усвојување на Резолуцијата за Меѓународниот ден на сеќавање и сеќавање на геноцидот во Сребреница на пленарниот состанок на Генералното собрание на ОН.