Словенечките здравствени власти објавија дека втор ден по ред бројот на новозаразени со коронавирусот е само пет, со што и дефинитивно земјата е пред прогласување победа над епидемијата
Грчката престолнина, како и многу други европски метрополи, поради пандемијата на Ковид-19 и владините рестриктивни мерки за спречување на ширењето на вирусот, од град со огромна фреквенција на луѓе и голем број туристи, стана „град на духови“, особено во централниот дел
Мирно и без инциденти заврши синоќешниот протест против Владата на Јанез Јанша
Во Косово вчера се потврдени седум нови случаи на заболени од Ковид-19, со што продолжи неколкудневниот тренд на опаѓање на бројката на лица кај кои, по извршените тестирања, е откриено присуството на новиот коронавирус
Уставниот суд на Косово доцна попладнево донесе времена мерка за суспендирање до 29 мај на дејствијата по однос на декретот на претседателот на државата Хашим Тачи за доделување мандат за формирање нова влада на Косово на кандидатот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти.
Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран 21 нов случај на Ковид-19 и ниту еден нов смртен случај, покажуваат денешните податоци од грчкото Министерство за здравство.
Србија досега има евидентирано 9.205 заразени лица со новиот коронавирус, 185 починати и 1.379 излекувани граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.
Од епидемијата на новиот коронавирус во Србија досега се починати 12 лекари и стоматолози и еден пензионер, штитеник на дом за стари лица, изјави за порталот Нова.рс, претседателот на Синдикатот на лекари и фармацевти, Раде Паниќ.
По апсењето на директорот на Геронтолошкиот центар во Ниш, каде од коронавирусот починаа 45 лица, кривична пријава доби и директорката на Домот за стари лица во Неготин поради ширење на епидемијата.
Во последното деноноќие во Албанија се регистрирани нови девет случаи со Ковид-19 со што вкупната бројка сега изнесува 782 лица, информираше доктор Ровена Даја,од Инситутот за јавно здравје.