Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран 21 нов случај на Ковид-19 и ниту еден нов смртен случај, покажуваат денешните податоци од грчкото Министерство за здравство, јави дописничката на МИА од Атина.

Вкупниот број на заразени со новиот коронавирус во земјата, од почетокот на епидемијата се зголеми на 2.612 лица, од кои 55,5 отсто се мажи.

Приклучени на апарати во грчките болници се 36 лица, а 76 пациенти се отпуштени од одделите за интензивна нега.

Бројот на починати останува ист како и вчера, 140 лица, на просечна возраст од 74 години.

Досега во Грција направен е 77.251 тест на новиот коронавирус.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2020 23:03