На денешната прес-конференција, по одлуката на ЛДК да го кандидира Авдулах Хоти за нов премиер, Курти рече дека веднаш штом ја добие официјално одлуката за доделување на мандатот на ЛДК, истата ќе ја оспори пред Уставниот суд.
Локалните власти на Велење остро реагираа на најавите на раководството на гигантот Велење, дека поради голем пад на прометот отказ ќе добијат над 2000 работници, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Србија досега има евидентирано 7276 заразени лица со коронавирус, 139 починати и 1063 излечени граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.
Во фазата на постепеното укинување на рестриктивните мерки во Грција, експертскиот тим во Министерството за здравство ја разгледува можноста да се воведе употреба на маски во затворени простори.
Кандидатот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) за мандатар за формирање на новата косовска влада Авдулах Хоти изјави дека првиот предизвик со кој ќе се соочи како иден премиер ќе биде пандемијата на Ковид-19.
Албанскиот Парламент со 91 глас „за“ ја усвои одлуката со која вонредната состојба во земјата, поради пандемијата со коронавирусот, се продолжува до 23 јуни.
Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово објави дека попладнево на нејзиниот оддел за интензивна нега починал 53-годишен маж од Призрен, кај кој претходно е потврдена заразата од новиот коронавирус.
Тестирањето ќе биде спроведено во различни делови од земјата и на различни групи според возраста, ќе учествуваат волонтери, а процесот се очекува да заврши до 28 април 2020 година, а резултатите.
Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се нови 29 случаи со Ковид-19. Од нив 20 се во Тирана, од кои пак 13 се затвореници од затворот „313“, соопшти Министерството за здравство и социјална заштита.
Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) го поддржа партискиот потпретседател и поранешен вицепремиер Авдулах Хоти за кандидат за нов премиер на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.