Откако вршителот на должноста премиер, Албин Курти, неколку пати не одговори на барањето да определи кандидат за формирање нова влада, Тачи попладнево организира состанок со лидерите на другите парламентарни партии, по кој изјави дека е постигната согласност за формирање нова влада.
Словенечките доктори објавија дека засега немаат потврден случај на лице заразено со коронавирусот во масовното експериментално тестирање на граѓаните.
Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти тврди дека, како лидер на партијата победничка на последните парламентарни избори во Косово, Движењето Самоопределување (ВВ), не го одбил барањето на претседателот на државата Хашим Тачи за да определи кандидат за мандатар за состав на новата влада, откако на неговиот кабинет пред еден месец му беше изгласана недоверба од Собранието.
Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани само седум нови случаи на Ковид-19 и ниту еден смртен случај, според соопштените податоци од претставникот за коронавирус во Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас.
Србија е исклучена од најавите на Европската Комисија за три милијарди евра макрофинансиска помош за десет земји од непосредното соседство на Европската Унија, вклучително и Македонија.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во неговото четврто писмо до Курти од уривањето на Владата, Тачи вели дека ВВ, со своето однесување, ја испушти приликата, како партија победничка на изборите од октомври минатата година, да предложи кандидат за премиер и да формира нова влада.
Медицински одела, заштитни маски и средства за дезинфекција кои биле крадени од Универзитетскиот клинички центар во Љубљана се продавале на интернет, јави Телевизија Словенија.
Србија досега има евидентирано 7114 заразени лица со коронавирус, 134 починати и 1025 излечени лица, јави дописникот на МИА од Белград.
Потпретседателката на опозициската Народната партија (НС) и пратеник во српското собрание, Санда Рашковиќ Ивиќ, изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ попушта со вонредната состојба затоа што брза да ги одржи изборите во јуни, но дека во никој случај не треба да се одржуваат митинзи дури и на отворено.
Албанскиот претседателот Илир Мета изјави дека ги поддржува измените во Кривичниот законик во врска со пандемијата, но додаде дека пред спроведување на веќе донесените санкции, треба да се преземе широка информативна кампања