Амбасадорот на Европската унија во Тирана, Луиџи Сореца, за телевизијата Ора њуз, изјави дека одлуката за отворање преговори за членство со ЕУ останала во сенка на пандемиската криза.
Во Косово и натаму има 1.640 исчезнати лица од војната во 1998-99 година, што значи дека и Мисијата на Европската унија за владеење на правото во Косово (ЕУЛЕКС) има најмалку уште толку причини да го продолжи мандатот в земјата, изјави денеска шефот на ЕУЛЕКС Ларс Гунар Вигермарк.
Постепено отворање на образовните институции и задолжително носење маска во сите затворени и прометни простори за граѓаните се двете нови препораки од надлежната експертска комисија за Ковид-19 во Министерство за здравство на Грција.
Расте бројноста на населението во Словенија, а тоа пред се должи на миграцијата, објави Словенечката информативна агенција СТА.
Србија досега има евидентирано 8275 заразени лица со коронавирус, 162 починати и 1209 излечени граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.
Важноста на програмата за релокација на деца бегалци без придружба од Грција во европските земји, ја истакнал грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на телефонскиот разговор со Високиот комесар за бегалци на ОН, Филипо Гранди.
Стотина граѓани денес протестираа во главниот град на Словенија против Владата на премиерот Јанез Јанша, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Три маскирани лица, од кои двајца вооружени со ловечки карабини, рано утрово упаднале во филијала на Грчките пошти во селото Мелики во северна Грција и одзеле околу 230 илјади евра, износ кој најверојатно бил наменет за исплаќање пензии
По вчерашните пожари и инциденти во прифатниот центар за бегалци и мигранти на Самос, министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис, утре ќе го посети грчкиот остров, објавија локалните медиуми
Во пресрет на утре закажаната седница на српскиот Парламент, на која треба да биде потврдена одлуката за воведување на вонредна состојба и мерките во борбата против коронавирусот, пратениците на партиите и движења на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) порачаа дека нема да присуствуваат на собраниската седница, бидејќи со тоа би го поддржале кршењето на Уставот