Во одговор за телевизијата Дукаѓини, КФОР, цитирајќи го генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вели дека нивно одобрување е потребно за секое движење или распоредување на Безбедносните сили на Косово (ФСК) на север.
Претседателот на главната грчка опозициска партија истакна дека прашањето е зошто актуелната Влада чекаше толку години за ратификација и посочи дека тие нема да го решат „проблемот што го создаде Нова демократија“.
-Длабоко сум трогнат од сведочењата на сите Срби кои дојдоа овде да сведочат низ што поминале пред 30 години – рече Вучиќ на трибината на тема „Ние зборуваме затоа што тие не можат – гласови што треба да се слушнат“, организирана од постојаната мисија на Србија во ОН.
Босна и Херцеговина дојде до својот крај или попрецизно ѝ ставија крај оние кои се колнеа во неа, оцени денеска претседателот на Република Српска Милорад Додик.
Хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ денеска изјави дека евентуалното признавање на Палестина не е едноставна одлука и дека премиерот Андреј Пленковиќ и тој треба заедно да одлучат за тоа.
Министерот за надворешни работи на Србија Марко Ѓуриќ за Политико посочи дека усвојувањето на Резолуцијата на Генералното собрание (ГС) на Обединетите нации за Сребреница ќе предизвика дополнителна поделба на Балканот, јави дописникот на МИА од Белград.
Организациите собрани околу Сојузот на Југословените денеска најавија дека ќе поднесат барање до надлежните органи во Србија за формирање „посебен избирачки список на југословенското национално малцинство“.
-Франција е загрижена поради неодамнешните операции на косовската полиција на северот на Република Косово и ја повикува Приштина да се воздржи од какви било нови еднострани дејствија, објави Министерството за Европа и надворешни работи на својата веб-страница.
Министерката за правда на Косово, Албулена Хаџиу побара поддршка од меѓународниот фактор за акциите кои, според неа, се насочени кон проширување на суверенитетот и воспоставување ред и мир на северот на земјата, кој е населен со мнозинско српско население, јави дописникот на МИА од Приштина.
Првиот човек на албанското Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, Алтин Думани изјави дека минатата година запленет е имот во вредност од 41 милион евра, додавајќи дека вкупниот број на приведени на сметка на специјалното обвинителство е мал, само 8,5 отсто.