Грчката полиција уапсила 58-годишен Грк за поседување и пренесување на 100,9 килограми канабис, а дополнително му била изречена и казна од 300 евра за прекршување на мерките за забрана на движењето, јави дописничката на МИА од Атина.
На аеродромот Брник крај Љубљана утрово слета транспортен авион на компанија „Сичуан Ерлајнс“, со кој пристигна и голема пратка заштитна и медицинска опрема, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Србија од денеска почнува со примена на системот на „зелени коридори“ на одредени гранични премини, меѓу кои и со Македонија, во рамките на ЦЕФТА регионот, а кога ќе се исполнат пропишаните технички услови, во овој систем ќе бидат вклучени и други премини
Припадниците на српското Министерството за внатрешни работи во Ниш, во соработка со разузнавачката Безбедоносно-информативната агенцијата (БИА) и Вишото јавно обвинителство во овој град, денеска го уапсија М.С. (47) од Ниш, под сомнение дека сторил кривично дело против здравјето на луѓето во врска со кривичното дело пренесување на заразна болест, соопштија од МВР
Здравствените власти во Словенија објавија дека во земјата се потврдени само седум нови случаи на лица заразени со коронавирусот
По 9 март, кога беше регистриран првиот случај со Ковид-19, во Албанија, од овој опасен вирус заразени се 48 здравствени работници, лекари и медицински техничари, при што 32 од нив се излекувани
Поради епидемијата на коронавирусот и ограничувањето на движењето над 10.000 вработени во туризмот во приморските градови во Словенија останаа без работа, информираа од Крајбрежната синдикална организација
Дом за стари лица во областа Неа Макри во источниот дел на регионот Атика, од доцна синоќа е во карантин, по наредба на заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас откако било потврдено присуство на Ковид-19
Во Косово во текот на вчерашниот ден се регистрирани рекордни 79 заразени од новиот коронавирус во едно деноноќие, со што вкупната бројка на заболени од Ковид-19 во земјата се зголеми на 362
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) информира дека во континуитет ги контактира и ги надгледува лицата кои биле во контакт со заразени од новиот коронавирус, на кои им е наложена самоизолација и се обврзуваат да побараат лекарска помош доколку им се појават симптоми.