По 9 март, кога беше регистриран првиот случај со Ковид-19, во Албанија, од овој опасен вирус заразени се 48 здравствени работници, лекари и медицински техничари, при што 32 од нив се излекувани.

„Од синоќа во карантин се 10 здравствени работници, пет лекари и исто толку медицински техничари од персоналот на Клиниката за трауматологија во Тирана.Ќе бидат тестирани по пет дена, соопшти Министертвото за здравство и социјална заштита.

Тие имале контакт со лице повредено во сообраќајна несреќа што се случила во градот Драч пред три дена, а за кое во меѓувреме било потврдено дека е позитивно на Ковид-19.

Пациентот веднаш бил префрлен во Инфективната клиника и моментно е во стабилна здравствена состојба.

Со вчера последно соопштените податоци во земјата дијагностицирани со Ковид-19 се 446 лица, од нив 16 деца. Излекувани се 217, а починале 23 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2020 12:49