Во Албанија и понатаму опаѓа бројот на новозаразени со коронавирус, а се зголемува бројот на излекуваните.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија ќе започне со производство на нешто што наликува на хлорокин.
Грчкиот кошаркар и МВП од минатата сезона во НБА, Јанис Адетокунбо, откако претходно донираше 20.000 маски, сега, во име на неговото семејство им се заблагодари на здравствените работници, односно, на како што рече „новите наши херои“ и ги повика сите да останат дома, јави дописничката на МИА од Атина.
Според најновите податоци, досега во Босна и Херцеговина се регистрирани 882 случаи на заразени со коронавирус, од кои 381 се во Република Српска.
Во Црна Гора, заради спречување на ширењето на коронавирусот, забрането е користење на сите автомати за кафе.
Позитивната одлука на Јурогруп треба да биде почетна точка за уште поамбициозни, идни, европски иницијативи со будно око за справување на последиците од коронавирусот, но и со погледот насочен кон враќањето на економијата во нормала, вели министерот за финансии на Грција Христос Стајкурас за синоќешната одлука на еврогрупата, одлука за која додава дека била постигната преку компромиси, јави дописничката на МИА од Атина.
Словенечката полиција предупреди дека за време на претстојниот викенд и Велигденски празници, засилено ќе контролира дали граѓаните ја почитуваат мерката и нема да ги напуштаат општините во кои живеат.
Повеќе меѓународни, регионални и српски медиумски здруженија посочуваат на загрозување на слободата на медиумите во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Бугарија е 624. Тоа го нагласи денеска шефот на Воената медицинска академија и шеф на Националната оперативна канцеларија, генерал мајор Венцислав Мутафчиски
Правиме сѐ што можеме за да го заштитиме здравјето на мигрантите на островите, тоа е наша обврска и кон нив и кон локалното население, рече алтернативниот Министер за азил и миграција на Грција Јоргос Кумуцакос за време на брифингот, преку видеоконференција со странските дописници во Грција