Во Црна Гора, заради спречување на ширењето на коронавирусот, забрането е користење на сите автомати за кафе.

Оперативниот штаб за поддршка на економијата соопшти дека е забранета работата на сите кафемати и апарати за подготовка на кафе и други пијалоци.

„Надлежните инспекторати ќе вршат контрола за почитување на овие забрани и доколку утврдат дека машините за кафе се во функција, ќе преземат мерки за забрана за работа на објектот и ќе покренат постапка за одземање на дозволата за работа“, се наведува во соопштението на Министерството за економија.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2020 16:43