Министерот за финансии и трансфери на Косово Бесник Бислими донесе одлука за ослободување од плаќање на данокот на додадена вредност на увозот на жито и брашно за производство на леб и лебни производи, јави дописникот на МИА од Приштина.
Бројот на починати лица во Словенија како последица од Ковид-19 се зголеми на четири, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Граѓаните на Србија ќе можат да се информираат преку Вибер за актуелностите поврзани со вонредната состојба во борбата против коронавирусот, соопштија од српското Министерство за труд, вработување и социјални работи.
Имавме храброст да преземеме мерки многу побрзо од многу други европски земји. Мерки, кои што беа тешки и сигурно имаа значително влијание врз економската активност, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на денешната владина седница, одржана телеконференциски, јави дописничката на МИА од Атина.
На специјална прес конференција словенечката Влада ги претстави долгонајавуваните мерки за помош на граѓаните и компаниите кои имаат финансиски последици поради коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Во текот на вчерашниот ден во Грција биле уапсени осум лица за 12 прекршувања на превентивните мерки што се однесуваат на забраната на работата на продавници, цвеќари, кафулиња, ресторани, таверни, фризерски салони, спортски сали и сл, јави дописничката на МИА од Атина.
Во Хрватска и БиХ се најавува намалување на платите во јавниот сектор од 10 до 15 отсто.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави денеска дека претставниците на власта мартовската плата ќе ја донираат за санирање на последиците од земјотресот во Загреб
Во Албанија денеска регистрирана е петтата жртва од коронавирусот, а ново дијагностицирани се 19 случаи од 74 тестирани лица
Претседателот на Косово Хашим Тачи предаде денеска на Уставен суд барање за поништување на вчерашната одлука на Владата за новите мерки за спречување на ширењето на епидемијата на коронавирусот, со кои, меѓу другото, се предвидува ограничување на движењето на граѓаните и возилата