-Со повикот за ослободување на Сали Бериша уште еднаш јасно ја открија целта на нивниот протест, кој денеска траеше два часа, јавија медиумите.
Шефот на српската дипломатија објасни и дека надворешната политика на Србија ќе се заснова на државните и националните интереси, но дека ќе биде и политика на подавање рака и соработка со пријателите и партнерите во светот, соопшти МНР на Србија.
- Ги знаете резултатите од изборите. Не сме во позиција сами да формираме мнозинство. Единствена политичка реалност беше формирањето на Влада на ХДЗ во партнерство со Татковинското движење, посочи Милиќ.
Агенцијата за статистики на Косово (АСК) соопшти дека на десет дена до крајот на процесот за регистрација, кој започна на 5 април и ќе трае до 17 мај, досега во Косово се попишале еден милион и 204 илјади и 560 граѓани, јави дописникот на МИА од Приштина.
Курти преку објава на платформата „Х“ (поранешен Твитер) тврди дека за убиството на тројца Срби, двајца во Северна Митровица и еден во Грачаница, како осомничени се уапсени тројца етнички Серби.
Според истите извори, утре во Стразбур се очекува последната средба на амбасадорите на земјите членки пред состанокот на министрите на кој се очекува да биде донесена долгоочекуваната одлука за Косово, пренесува Бета.
Германската амбасада во Приштина соопшти дека е време Владата на Косово да ги убеди земјите членки на Советот на Европа дека заслужува прием во таа меѓународна организација, преземајќи конкретни чекори за создавање Заедница на српски општини.
Во дводневна официјална посета на Србија вечерва ќе пристигне кинескиот претседател Си Џинпинг со делегација од 400 членови, кој ќе има средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.
Косовскиот премиер Албин Курти денеска соопшти дека со одлуката на Министерството за внатрешни работи на Косово е овозможена замена на српските возачки дозволи со косовски. Оваа можност ќе биде отворена од 9 мај и ќе трае до 9 август годинава.
Советот на ЕУ денеска во последна инстанца ја одобри Регулативата за формирање на Механизмот за реформи и раст за Западен Балкан, со што за да стапи во сила останува уште нејзино објавување на Службениот весник на Унијата, јави дописникот на МИА од Брисел.