-Мојата желба беше да одиме до крај и да го завршиме процесот со сеопфатен правно обврзувачки договор за нормализација. Тоа не беше можно, но сакам да подвлечам дека изминавме долг пат, рече Лајчак, кој на 31 август го завршува мандатот како специјален пратеник на ЕУ за дијалог.
Српскиот претседател Александар Вучиќ пред посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Белград на 7 и 8 мај изјави дека Кина е најдобриот партнер на Србија во остварувањето на државните цели, јави дописникот на МИА од Белград.
Локалните власти на Тиват одлучија да забранат движење на туристи во костими за капење во пешачките зони, градските паркови, плоштадите и во внатрешното градско јадро.
На денешен ден пред 44 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980).
Здружението на новинари на Република Српска, по повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите, денеска го прогласи Џулијан Асанж за почесен член на тоа здружение.
Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово потврди дека на шефот на Канцеларијата за Косово при Владата на Србија, Петар Петковиќ му e одбиено барањето да го посети Косово по повод православниот Велигден.
Петковиќ планирал за Велигден да присуствува на полноќната литургија во манастирот Високи Дечани, а на Велигденското утро да присуствува на велигденската богослужба во манастирот Грачаница, и потоа да се сретне со велигденските јајца со најмладите во манастирот Драганац.
Оценувајќи го рангирањето на Косово на годинешниот Индекс како „алармантен регрес“, Асоцијацијата на новинари на Косово (АГК) пренесува делови од извештајот на „Репортери без граници“.
На самиот влез во училиштето беше поставена просторно-уметничка инсталација „превез на плачот“ на која беа испишани имињата на сите жртви од училиштето Рибникар, кои на 3 мај 2023 година беа убиени од малолетниот К.К., исто така ученик од тоа училиште.
Вархеји утрово во објава на Икс упати честитки за вчерашниот избор на новата Влада на Србија предводена од Вучевиќ.