Кинескиот претседател Си Џинпинг доаѓа во Белград на 8 мај, објави Демостат повикувајќи се на извори од дипломатски кругови, јави дописникот на МИА од Белград.
На барање на косовскиот премиер Албин Курти, Советот за безбедност на Косово во неделата вечерта одржа седница по повод нападот на Иран врз државата Израел и можните импликации врз глобалниот и регионалниот мир и безбедност, јави дописникот на МИА од Приштина.
Владиниот портпарол посочи дека оваа година надлежните имаат на располагање дополнителни алатки, ресурси и протоколи за соработка во справувањето со шумските пожари.
Владеењето на правото во Грција, изборниот процес на европските избори, ситуацијата во медиумите, но и шпионските софтвери, беа темите за кои разговараа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и потпретседателката на Европската комисија Вера Јурова, јави дописничката на МИА од Атина.
Според Институтот за статстика, ИНСТАТ, во 2022 година во сообраќајни несреќи во Албанија животот го загубиле 164 лица или 59 лица на милион жители.
Минатата седмица, грчката Влада ја промовираше националната стратегија и кампањата за справување со врсничкото насилство во училиштата, како и специјалната платформа „Stop bullying“ преку која родителите и учениците може да пријавуваат насилство, но и да се информираат.
Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека неделава ќе биде домаќин на главните преговарачи на Белград и Приштина за нова рунда разговори.
Весникот потсетува дека на 13 февруари годинава ја објавил веста дека испитувањата на Шпираг оди кон неуспех.
На 105-годишна возраст денеска почина најдолговечниот хрватски политичар Јосип Манолиќ, објавија загрепските медиуми.
Српската економија поради забраната за трговија со домашни производи на територијата на Косово и Метохија, која беше воведена во јуни 2023 година, има загуба од 150 до 200 милиони евра, пишува „Политика“.