Под централен наслов „Големата транзиција“, во грчкиот планински град со античко значење Делфи, денеска започнува деветтиот Економски форум, на кој најавени се над 1.000 говорници од 70 земји, јави дописничката на МИА од Атина.
Братот на убиецот на Данка Илиќ откако му помогнал да го прикрие злосторството нарачал пиво во локалната кафеана.
Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, осомничен за убиството на Данка Илиќ, им се пожали на новинарите дека полицајците и ја уништиле куќата и го ископале дворот при претресот, пренесе „Блиц“.
Драгиша Ремовиќ, поранешниот инспектор на Одделот за крв и сексуални деликти на белградската полиција во интервју објаснува колку ќе трае потрагата по телото на малата Данка.
Врховниот суд „не го спаси“ поранешниот премиер на Албанија Сали Бериша, кој со отфрлање на неговата жалба, потврди дека останува во сила мерката „куќен притвор“.
Албанскиот претседател Бајрам Бегај денеска го потпиша законот за кривична амнестија, кој беше изгласан во четвртокот со 110 гласови, од вкупно 140 колку што пратеници има албанскиот законодавен дом.
Според албанскиот Институтот за статистика (ИНСТАТ) инфлацијата во земјата во март изнесува 2,3 отсто, што е најниско ниво во изминатите три години и под три проценти, колку што предвидуваше Централна банка на Албанија.
Подмладокот на косовската опозициска партија тврди дека Владата предводена од Албин Курти е најголемиот прекршител на Уставот на Косово.
Специјална платфрома за пријавување врсничко насилство, казни за насилниците, поделба на отсуствата на оправдани и неоправдани, се дел од националната стратегија на грчката Влада за борба со врсничкото насилство меѓу учениците, јави дописничката на МИА од Атина.
Претседавачот со ОБСЕ, министер за надворешни и европски работи и трговија на Малта, Јан Борг утре ќе ја посети Србија, при што ќе се сретне со највисоките државни претставници.