Таа поддршка се состои во помагање на Србија да ги спроведе реформите за да ги исполни критериумите за прием во ЕУ“, објасни таа, додавајќи дека „не постои друг меѓународен играч што би ги понудил истите можности“.
Опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК) ги нарече невистинити изјавите на Владата дека Косово напредувало во меѓународните индекси, јави дописникот на МИА од Приштина.
Тешко е да се дознаат причините поради кои не сака да соработува. Но, кај нив се гледа толкав недостиг на емпатија и непромисленост, дури и сега кога е соочен со вистината осомничениот не сака да каже каде го сокрил телото на Данка Илиќ.
Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, соопшти дека одлучила да не учествува на гласањето на 21 април за разрешување на градоначалниците на четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население.
На меѓународниот аеродром во Тирана (ТИА) во првиот квартал од годинава забележан е рекорден број патници или 63,9 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година.
Лидерот на владејачката партија и премиер на Грција детално се осврна на ситуацијата во земјата, на она што тие го постигнаа како Влада, говореше за европските предизвици, особено во пресрет на евроизборите во јуни.
Во притвор во ПУ Бор починал Д.Д.(40), братот на осомничениот за убиството на двегодишната Данка Илиќ, кој беше приведен поради сомнение дека помагал во делото, дознава Телеграф.рс.
Фон дер Лајден говореше на последниот ден од Конгресот на партијата што е дел од ЕПП, со што го означи и почетокот на нејзината кампања за европските избори во јуни.
Големиот шумски пожар што вчера избувна во близина на градот Иерапетра во југоисточниот дел на грчкиот остров Крит, денека е локализиран, откако пожарникарите и во текот на ноќта продолжија со гаснењето, јави дописничката на МИА од Атина.
Покрај дискусијата за нуклеарната енергија, Вучиќ најави дека во Франција ќе се разговара за наменската индустрија, купувањето на 12 нови француски воени авиони „Рафал“ и друга опрема.