Тој додаде дека Владата има должност да продолжи да ја води земјата, почитувајќи го мандатот што го добила од мнозинството граѓани на изборите во 2017 година, што значи до 2021 година.
Амбасадорот на Соединетите Американски држави во Косово Филип Коснет се сретна денеска со лидерите на најголемата партија на косовските Срби, Српската листа (СЛ), од кои побара да не ги напуштаат косовските државни институции, јави дописникот на МИА од Приштина
Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај изјави денеска дека е јасно оти зад минатогодишното убиство на политичарот Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, стојат властите во Белград, а нарачател е претседателот на Србија Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Приштина
По повод терористичкиот напад на Нов Зеланд, српскиот претседател Александар Вучиќ испрати телеграма со сочувство до властите во Велингтон, а шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, покрај осудата на нападот, изјави дека и покрај разните извештаи „Србија нема никаква поврзаност со терористот и ја осуди ваквата злоупотреба“
Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ денеска оцени дека е „повеќе од сигурно“ оти актуелните власти во Приштина директно стојат зад убиството на лидерот на партијата Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“ (СДП), Оливер Ивановиќ.
Косовскиот претседател Косово Хашим Тачи изјави дека Косово ќе одговори директно на секоја закана што може да дојде од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ денеска е повикан да даде исказ во босанското државно Јавно обвинителство, во врска со неговите тврдења дека Хрватска врбува вехабисти во БиХ.
Албанската мафија е многу активна и нејзината активност се протега низ цела Европа, се наведува во репортажа емитувана на германската телевизија ЗДФ.
Без изненадувања и без пресврт заврши второто и последно гласање во грчкиот Парламент за предлог измените на одредбите од грчкиот Устав. Сите предлози што добија зелено светло од пратениците на првото гласање минатиот месеци, беа и вчера изгласани, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерството за одбрана на Косово ги оценува како специјална војна, слична на онаа пред конфликтот во 1998-99 година, изјавите на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ дека Србија ќе интервенира воено доколку косовската војска се обиде да се распореди на северот на земјата, јави дописникот на МИА од Приштина