Утрово во 6 часот заврши дводневниот штрајк на грчките цариници и со тоа влегувањето во Грција преку трите премини Богородица-Евзони, Дојран-Дојрани и Меџитлија-Ники се одвива нормално.
Амбасадорите на петте најмоќни држави акредитирани во Косово – Соединетите Американски Држави, Франција, Германија, Италија и Обединетото Кралство, познати како „Група Квинта“, беа примени доцна попладнево од претседателката на Косово, Вјоса Османи, јави дописникот на МИА од Приштина.
Тој истакнува дека „донекаде го разбира Шапиќ“, но дека неговата иницијатива „едноставно не може да помине“.
Австриската полиција претходно денеска соопшти дека семејството на исчезнатата Данка Илиќ претпоставува дека двегодишното девојче е на видеото што е направено на трамвајската станица во Виена.
Претседателката на албанскиот парламент, Линдита Никола, по формирањето на посебната комисијата против дезинформации, испрати писмо до високиот функционер на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин, во кое се бара помош од САД во борбата против дезинформациите.
Се очекува на дневен ред да бидат и регионалните теми и економските предизвици со кои се соочува Србијa
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ за 2 јуни ги распиша изборите за советници за градското собрание на Белград, јави дописникот на МИА од Белград.
Неколку медиуми во Приштина забележаа дека за посетата на Курти на општините Лепосавиќ, Зубин Поток, Звечан и Северна Митровица, јавноста не беше однапред информирана и за неа се дозна откако локални медиуми на српски јазик ја објавија информацијата.
Како што се наведува во полициското соопштение, тие во моментов трагаат по жени кои биле во друштво на девојче кое личи на Данка Илиќ и ги повикуваат луѓето да се обратат во полиција доколку знаат каде се наоѓаат.
Врховниот суд на Албанија ја потврди заплената на имотот сопственост на Аргита и Џамарбер Малтези, ќерка и зет на поранешниот албански премиер Сали Бериша, со што останува во сила одлуката на Специјалниот апелациски суд.