Шмит изјави дека станува збор за „пакет за интегритет“ на изборниот процес, кој подоцна може да се допрецизира во парламентот на БиХ, нагласувајќи дека се работи за техничко подобрување на изборниот процес, кој вклучува воведување на скенирање на гласачките ливчиња и видео надзор.
Спикерот на косовското Собрание изјави дека барањето на Косово за членство во ЕУ било и продолжува да биде историски момент.
Претседателката на ЕП е во официјална посета на Словенија во рамки на турнејата низ земјите членки на ЕУ пред изборите за Европскиот парламент во јуни. Таа се состана со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар и премиерот Роберт Голоб.
Високиот претставник Кристијан Шмит денеска воведе технички измени во Изборниот закон во Босна и Херцеговина. Станува збор за измени на законот кои се однесуваат само на интегритетот на изборниот процес.
Курти потсетува дека утрото на 26 март 1999 година, српските сили убиле 243 цивили во Голема Круша, 113 во Мала Круша и 48 членови на едно семејство, меѓу кои и 11 деца, во Сува Река.
Текстот во весникот „То вима“ за монтираните аудиозаписи за железничката несреќа кај Темпи на 28 февруари 2023 година во која загинаа 57 лица, кај опозициските партии во Грција предизвика низа реакции, кои кулминираа со доставување на предлогот за гласање недоверба на актуелната Влада.
Тоа што се укинува задолжителната гранична контрола за некои земји не значи дека се намалуваат безбедносните мерки на аеродромите, изјави Антон Златанов, директор на Генералниот директорат на Граничната полиција (ГДП).
Претседателот на грчката опозициска партија како пример ги споменува оставките поради скандали на австрискиот канцелар Курц, португалскиот премиер Коста и на британскиот премиер Џонсон и истакнува дека во Грција постои „владино прикривање на криминал“ со 57 жртви.
Високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмит потврди дека ќе воведе измени на Изборниот законик на Босна и Херцеговина доколку за тоа нема договор меѓу политичките партии во земјата и дека нема намера уште долго да чека.
Просечната плата (бруто) пресметана за јануари 2024 година во Србија е 132.372 динари, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) е 95.836 динари (817,7 евра според просечниот девизен курс на НБС на 25 март 2024 година), соопшти Републиканскиот статистички институт.