Постапката се фокусира на толкувањето на принципот „безбедна трета земја“, кој Италија во судскиот процес го користи за да го оправда префрлањето на мигрантите во Албанија.
Последните анкети за рејтингот на партиите во Хрватска покажуваат дека владејачката ХДЗ заостанува зад највлијателната опозициска СДП за помалку од еден процент, односно ХДЗ има 26,3 отсто поддршка, а СДП 25,7 отсто.
Кипарското прашање, случувањата во Украина и на Блискиот Исток, како и грчкото претседателство со Советот за безбедност на ОН, биле темите за кои разговарале министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш
Поранешниот претседател на Уставниот суд на Косово, Енвер Хасани вечерва оцени дека Косово ризикува изолација доколку новата влада не го испрати нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство до Уставниот суд на уставна проверка.
Српскиот водач на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, ја отфрли можноста за војна и повика на дијалог во вторникот, ден пред судската одлука за тоа дали е виновен за непочитување на одлуките на меѓународната заедница.
Косовското Министерство за одбрана на Косово денеска ги демантираше медиумските наводи дека е планирано повлекување на американската армија од Косово.
Пред српското Министерство за образование во Белград во тек е четиричасовен протест на просветните работници во основните, средните училишта и вработените на Универзитетот под мотото „Вие сте одговорни! Од вас зависи“.
На автопатот „Патот на Арбр" (Руга е Арбрит) кој се протега од граничниот премин „Блато" кај Дебар до Тирана нема да се наплатува патарина.
Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (АБК) Рамуш Харадинај денеска го обвини премиерот Албин Курти дека со својата политика ги поделил граѓаните на Косово и ја оставил земјата без поддршка од НАТО, САД и Европската Унија.
Кремљ го прифаќа извинувањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ поради грешката при гласањето за „антируската резолуција во Генералното собрание на Обединети нации, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.