Дендиас истакна дека „иднината на Западен Балкан ќе ја одреди и стабилноста во нашиот регион“, се осврна на Солунската агенда за која рече дека има „големи успеси, бидејќи источен Балкан е веќе во Европската Унија“.
Европската комисија денеска донесе одлука да ја тужи Грција пред Судот на правдата на ЕУ затоа што не ја спровела бараната ревизија на плановите за управување со водните текови и за справување со ризиците од поплави.
Србија и натаму е рекордер во регионот по годишна стапка на инфлација. Според последните податоци објавени во земјите од регионот, Србија е на прво место со годишна инфлација во февруари од 6,4 отсто, јави дописникот на МИА од Белград.
Во 2024 година, Западен Балкан веројатно ќе се соочи со зголемен ризик од меѓуетничко насилство. Ова се наведува во оценката на американската разузнавачка заедница во годишниот извештај за закани 2024 година.
Албанскиот премиер Еди Рама изрази поддршка за одлуката на Владата на Косово, која бара Агенцијата за катастар да го регистрира имотот на манастир во Дечане, по одлуката на Уставниот суд.
На прес-конференција во Белград, Јовановиќ објасни дека Еколошкото востание добило копија од споменатиот меморандум за разбирање од Министерството за одбрана, кое го добило документот на 9 февруари.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Европската комисија соопшти дека решила да испрати дополнително официјално известување до Бугарија поради нејзино несоодветно усогласување со правилата на ЕУ за борба против расизмот и ксенофобијата.
Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека соработката со сојузниците, особено со Соединетите Американски Држави, треба да биде оската на дејствијата што ги презема Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Премиерот Еди Рама првпат реагираше во врска со постигнатиот договор меѓу владејачкото мнозинството и опозициските пратеници од „Обновата на ДП“ за формирање анкетни комисии и враќање на парламентарниот живот во нормала.
Владата на Косово ѝ наложи на Агенцијата за катастар да ја спроведе одлуката на Уставниот суд за признавање на правото на сопственост на 24 хектари земјиште на православниот Манастир во Дечане, јави дописникот на МИА од Приштина.