Сериозни инциденти се случија доцна синоќа, по завршувањето на протестниот марш во Атина за одбелужвањето на 45-годишнината од бунтот против воената хунта.
Во Белград рано утрово почна да паѓа првиот снег во оваа сезона.
Српската полиција во текот на последните три дена, во неколку одделни акции, уапсила 21 лице, осомничени за шверц со наркотици и незаконско поседување и носење оружје.
Поради неповолната хидрологија, што условува и помалото производство, Албанија продолжува со увоз на електрична енергија.
Се добива впечаток дека Западот не ги научи лекциите од „украинската трагедија“, па постојат упорни обиди Балканот да се претвори во уште едно воено упориште против Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Косовската полиција уапси двајца службеници во Министерството за здравство на Косово, кои се оосмничени дека го оштетиле државниот буџет за над 1,3 милиони евра.
Албанскиот претседател Илир Мета се надева дека Белград и Приштина ќе постигнат договор на „добар и одржлив начин“, кој би придионел за зајакнување на регионалната стабилност.
Бугарскиот заменик-премиер Валериј Симеонов синоќа поднесе оставка, откако беше изложен на притисок да се повлече од функцијата поради навредите упатени кон активистите за заштита на лицата со посебни потреби.
Под драконски безбедносни мерки, со ангажирани околу 5.000 полицајци, хеликоптери и полициски дронови со цел избегнување какви било инциденти, денеска во Атина се одбележува 45-годишнината од студентскиот бунт против хунтата.
Албанскиот претседател Илир Мета доцна вечерва ја потпипа уредбата, со која се согласува нов министер за внатрешни работи да биде Сандер Леши.