Министерството за внатрешни работи на Србија за регионалната телевизија „Н1“ претходно објасни дека Груевски нема српски пасош, ниту државјанство. Но, одговор на прашањето дали Груевски на пат кон Унгарија поминал и на територијата на Србија уште не стаса.
Најмалку 17 ученици се полесно повредени попладнево во Албанија кога автобус, што превезувал средношколци, излета од патот во близина на преминот Ќафасан,на албанско-македонската граница.
Грчката православна црква соопшти дека сака свештениците да останат државни службеници откако одби некои од владините предлози за промена на платниот систем за црковните власти.
Лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти изјави денеска дека косовскиот претседател Хашим Тачи ќе заврши исто како и поранешниот македонски премиер Никола Груевски, со тоа што Тачи нема да побара азил во Унгарија туку во Русија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Српската Агенција за лекови и медицински средства ги информира здравствените работници во Србија дека 40-тина медикаменти предизвикуваат штетните последици, но најави дека нема да ги повлече од пазарот.
Во пресрет на утрешното одбележување на 45-годишнината од студентскиот бунт против хунтата, грчката полиција презема драконски безбедносни мерки во Атина.
Албанскиот претседател Илир Мета потпиша указ со која го ослободува бригадниот генерал Сандер Леши од активна воена служба, со што се отвора патот шефот на државата да ја потпише уредбата со која тој ќе биде именуван за министер за внатрешни работи на Албанија, за што рокот истекува на полноќ.
Експремиерот Никола Груевски преку Србија премина во Унгарија, а четнички баjoнети го обезбедуваа до Хоргош, изјави Војислав Шешељ во емисијата „После ручка“ на телевизија Хепи.
Србија и Босна и Херцеговина нема да учествуваат на состаноците на ЦЕФТА во Приштина на 20 и 21 ноември, ниту на министерската средба во рамките на Неделата на таа регионална организација закажана за 3 декември, соопшти потпретседателот на српската Влада и министер за трговија и туризам Расим Љајиќ.
Казна од 2.500 до 500 евра за бугарските градоначалници кои нема да преземат мерки против загадувањето на воздухот, се предвидува со предлог-законот за чист атмосферски воздух, кој во Парламентот беше усвоен на првото читање.