Грчките власти денеска соопштија дека околу двесте мигранти преминале на грчка територија преку североисточната копнена граница со Турција.
Со сите државнички почести, денеска во Тирана беше пречекан принцот на Монако, Алберт Втори, кој на покана на претседателот Илир Мета ќе престојува во дводневна официјална посета на Албанија.
Актуелниот претседател на Република Српска и новоизбраниот српски член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави дека неговиот прв потег во Сараево ќе биде назначувањето на режисерот Емир Кустурица како советник.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас на денешната владина седница побарал од министрите да се обврзат дека нема да ја поддржат евентуалната иницијатива на Нова демократија за гласање недоверба на Владата и дека нема да ја турнат владата по повод прашањето за името.
Хрватска очекува да ги исполни техничките критериуми за пристапување во Шенген зоната до крајот на годината и се надева дека ќе се приклучи до 2020 година, изјави денеска хрватската државна секретарка Терезија Грас.
Градоначалникот на Митровица Агим Бахтири вети дека на отворањето на мостот кој го дели градот на албански и српски дел ќе донесе една од ѕвездите на светската забавна музика, а денеска обелодени дека планира тоа да биде пејачката Шакира, јави дописникот на МИА од Приштина.
Тајна средба, според грчкиот весник „Та неа“, имале вчера грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговиот коалициски партнер и министер за одбрана Панос Каменос.
Вкупната бруто вредност на земјоделското производство во Србија во 2018 година е проценето на 5,7 милијарди долари, што е за 21,9 отсто повеќе во однос на 2017 година, објави денеска земјоделски портал Агросмарт од Нови Сад.
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека му е познато оти „некои западни сили ги прислушкуваат државниот врв на Србија“. Тој додаде дека тоа воопшто не го вознемирува, бидејќи власта нема што да крие од народот.
- „Маслиново гранче“ ѝ понуди Зоран Заев на опозицијата за да обезбеди глас од 80 пратеници кои што се потребни за промена на Уставот и повика на национално помирување и глас според свеста, објави грчката телевизија „Антена“.