Храбар и смел потег, вака го карактеризираа договорот од Преспа, грчкиот премиер Алексис Ципрас и германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер на нивната денешна средба во премиерската палата во Атина.
Рече дека Атина се стреми кон пријателски и добрососедски односи и “во пракса покажува дека ја поддржува перспективата во НАТО и Европската унија”. Но, додаде дека во однос на ова постои еден важен предуслов.
Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо од името на сите Македонци кои живеат во Албанија упати честитка по повод 11 Октомври-Денот на народното востание.
Најпосетениот антички споменик во светот, атинскиот Акропол, како и повеќе археолошки места во Грција се затворени за посетителите поради 24-часовниот штрајк, организиран од синдикатот на вработените во Министерството за култура.
Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли информира дека Советот на министрите за надворешнио работи на Меѓународната организација на франкофонијата го прифати барањето на Приштина за унапредување на статусот на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија Кристијан Даниелсон денеска во Тирана имаше средба со Претседателот Илир Мета.
Грчката корпорација ОТЕ, која е сопственик на 99,70 отсто од акциите на „Телеком Албанија“,директен партнер со „Дојче телеком“ потврди дека се уште нема никаква значајна вест која треба да се соопшти.
Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос на средбата во Вашингтон на својот американски колега Џејмс Матис му предложил да бидат создадени нови американски воени бази, покрај постојната база во Суда на островот Крит, објави грчкиот весник „Катимерини".
Нова демократија денеска реагираше на планот „Б“ на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, што од негова страна беше претставен на средбата со Вес Мичел во Вашингтон, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.
Капетанот на грчката крајбрежна стража, Киријакос Пападопулос, кој стана познат по пожртвуваноста во спасување животи на илјадници мигранти за време на бегалската криза 2015-16 година, денеска почина од срцев удар.