Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) соопшти дека е подготвен да се сретне со сите парламентарни партии „со цел да се постигне договор за датумот на одржување на вонредни избори и за правците во кои ќе се одвива дијалогот со Србија по овие избори“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Припадници, активисти и поддржувачи на ЛГБТИ заедницата во Косово, под мотото „Во име на слободата“, ја одржаа денеска во Приштина Парадата на гордоста, која помина во мирна и свечена атмосфера и без ниеден инцидент, јави дописникот на МИА од Приштина.
Секој трет ден еден човек во Црна Гора извршува самоубиство, а државните аптеки годишно продаваат по околу 300.000 пакувања антидепресиви и други средства за смирување, пишува подгоричкиот весникот „Вјести“.
Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос предлага потпишување меѓудржавни безбедносни договори за решавање на проблемите и стабилност во регионот.
Група од шест Косовци поврзана со џихадиситчката група Исламска држава (ИД) планирала террористички напади во Косово, Франција и Белгија, соопшти косовското Специјално обвинителство по шестмесечна истрага.
Германскиот трговски ланец „Лидл“ утре ќе ги отвори своите први 16 супермаркети во 12 градови во Србија, во кои се вработени над 1.500 лица.
Од Нова демократија, преку изјава на портпаролката Мариа Спираки и преку пратеничко прашање од пратеникот Костас Скрекас, коментираат дека во период кога јавната компанија за електродистрибуција е во лоша финансиска состојба откупува компанија со негативен капитал и бараат грчката влада да одговори врз основа на кои критериуми било одобрено купувањето на ЕДС.
Во Германија е уапсено лице осомничено за силување и убиство на новинарката Викторија Маринова (30), соопштија денеска бугарските власти.
Косовскиот претседател Хашим Тачи смета дека постои реална можност за обединување на Прешевската Долина со Косово, со што, според него, би се реализирало легитимното право на Албанците од таа област во јужна Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во текстот се наведува дека во специјалните заштитени зони на српско наследство спаѓаат манастирите Високи Дечани, Грачаница, Пеќката патријаршија, Банска и други храмови и цркви во Гњилане, Штрпце, Србица, Клина, Ораховац.