На грчкиот остров Крит денеска ќе се одржи 6-та трилатерална лидерска средба Грција-Кипар-Египет, на која ќе учествуваат грчкиот премиер Алексис Ципрас, кипарскиот претседател Никос Анастасијадис и египетскиот претседател, Абдел Фатах ал Сиси.
Осум лица се повредени минатата ноќ пеи експлозија и пожар во рафинеријата за нафта во Босански Брод, во северна Босна и Херцеговина, во близина на границата со Хрватска.
Грчките власти во текот на месец септември, поради нелегален престој во земјата, протерала 966 странски државјани, при што половината од нив се албански државјани.
Четири лица загинаа, а две се тешко повредени во судир на два камиона и две патнички возила на излезот на Свилајнац кон Деспотовац, вечерва околу 19 часот.
Амбасадорот на Европската унија во Албанија, Луиџи Сореца, упати апел до политичките партии во земјата што побрзо да ги завршат изборните реформи,бидејќи,како што оцени, тие се клучни за интеграцијата на Албанија во ЕУ.
Грчката православна црква се спротивставува на притисоците на Руската црква, која повикува на разговор со цел да се спречи отцепувањето на украинската црква од Московската патријаршија, соопштија денеска претставници на Грчката православна црква.
Словенечкиот Парламент денеска ја отфрли кандидатурата на Примож Доленц за гувернер на Централната банка откако поголемиот дел од партиите во дебатата се изјаснија против.
Потпретседателот на партијата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, Алијансата за иднината на Косово (ААК), Ардиан Ѓини, му порача на косовскиот претседател Хашим Тачи дека е „сосема возможно“ и самиот Тачи да биде урнат од позицијата претседател на државата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Првпат во Европскиот парламент денеска на седница на Надворешно-политичкиот одбор усвоен е извештај со внесен компромисен амандман, кој се однесува на разговори за можна корекција на граници како дел од решението за нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, јави Танјуг.
Шест економии на Западен Балкан отворија преговори за взаемно признавање на стручните квалификации на докторите по медицина, стоматолозите, архитектите и градежните инженери, соопшти Советот за регионална соработка.