Европската Комисија предлага да се мобилизираат дополнителни 2,3 милиони евра за да им се помогне на 550 работници од издавачкиот сектор, од кои половина се новинари, откако тие останале без работа. Фондовите, кои доаѓаат од “Европскиот Фонд за прилагодување на глобализацијата“ имаат за цел да им помигнат на работниците да пронајдат нови работни места.
Ние ќе го измериме договорот и на нашата вага ќе натежне една работа: националниот интерес, вели заменичката министерка за цивилна заштита на Грција, Катерина Папакоста, која до лани беше член и пратеник на Нова демократија, а сега како лидер на новоформираната партија НЕО, при последната реконструкција, стана дел од грчката Влада.
Претседателот на Стопанската комора на Косово Берат Рукиќи смета дека реална опција за визна либерализација за Косово е почетокот на 2020 година, јави дописникот на МИА од Приштина.
Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ нагласи денеска дека замрзнатиот конфликт на Косово може да предизвика прогон на Срби од таму и успорување на европските интеграции.
Министрите за обрана на четири членки на НАТО - Хрватска, Бугарија, Словенија и Унгарија, денеска во Брисел потпишаа Меморандум за разбирање за вопоставување мултинационален центар во Задар за обука на хеликоптерски екипажи за извршување задачи на специјални воздушни сили.
Грчката Влада внимателно следи што се случува во соседната земја и ги поддржува напорите за целиот процес да оди напред, затоа што ќе биде штета ако се загуби оваа шанса, вели министерот без ресор на Грција и портпарол на Владата, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за радиото „Сто кокино“.
Претседателот на Косово и еден од основачите и политички лидер на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Хашим Тачи тврди дека оваа воена формација во војната во 1998-99 година немала повеќе од 12 илјади борци, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во градскиот транспорт во Солун денеска е објавен 24-часовен штрајк, откако вработените уште вчера почнаа протестни акции поради страв дека се подготвува приватизација на транспортната компанија на градот.
Босна и Херцеговина в недела ја очекуваат уште едни општи избори на кои граѓаните на државата ќе бираат претставници на трите нивоа на власт. Притоа повторно се соочуваат со опции речиси идентични на оние за кои гласаа во изминатите 2,5 децении кои таа држава во различни комбинации ја држат заробена во еднички судири, корупција, економска неразвиеност и социјална беда.