Лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК) и претседател на косовското Собрание Кадри Весели денеска стави точка на шпекулациите во медиумите за наводната смена на министри од редовите на неговата партија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Членовите на Комисијата за безбедност и надзор врз Безбедносните сили на Косово (ФСК) на косовското Собрание денеска со мнозинство гласови го изгласаа пакетот од три закони со кои се предвидува ФСК да се трансформира во војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Шефот на информативното биро на Европскиот парламент во Атина Леонидас Андонакопулос и двајца негови соработници се суспендирани од работа затоа што Европската служба за борба против измами (ОЛАФ) против нив води истрага за финансиски малверзации.
Ставовите на грчката Влада во преговорите за името, но и размислувањата за опозициската Нова демократија, онака како што се пренесени во објавените стенограми од „Катимерини“ и германски ФАЗ, од двете лидерски средби во Македонија, предизвикаа реакции во Грција и препукувања меѓу Владата и опозицијата.
Цврстите ставови на Нова демократија дека со Договорот од Преспа се отстапуваат македонска националност и македонски јазик, но и дека треба што поскоро да се распишат избори за да одлучи грчкиот народ, ги повтори лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во разговор со членови на партијата, при посетата на грчкиот остров Самос.
По информацијата дека Албанија преку емисија на евробврзници се задолжи за 500 милиони евра и изјавата на албанскиот премиер Еди Рама дека тоа претставува успех, експресно реагираше албанската опозициска Демократска партија.
Албанската Влада преку издавање еврообврзница на меѓународниот пазар ја задолжи државата со 500 милиони евра.
Референдумот не е ниту услов, ниту правно барање за имплементација на Договорот од Преспа, туку е избор на Скопје, рече шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, коментирајќи го и објаснувајќи го резултатот од референдумот во Македонија.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по денешната седница на Владата, изјави дека „нема голема итаница“ за формирање на војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Неактивирана рачна бомба е пронајдена во дворот на Младинскиот центар во селото Осојане крај Истог, што предизвика вознемиреност кај локалното население во оваа српска енклава во Косово, објави косовската телевизија на српски јазик Мост.