Српскиот претседател Александар Вучиќ нареди целата армија на Србија да биде ставена во највисока борбена готовност, потврдиле за Танјуг извори од Кабинетот на претседателот, кој е и врховен командант на српската армија.
Силен ветер и обилни врнежи од дожд носи медитеранскиот циклон кој во Грција го доби името „Зорбас“ и зафати големи делови од земјата.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не сакал да оди во Обединетите нации во Њујорк, затоа што таму би морал да разговара и со албански и со светски претставници, со кои, како што рече, не знае за што веќе да разговара, затоа што тој сака суштински напредок во однос на Косово, „а тие не сакаат“.
За да замине Рама од власта треба да одлучи народот а во тие напори ќе има поддршка и од Демократската партија.
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека ќе испрати протест до ОН поради присуство на членови на приштинската делегација во зградата на ОН за време на Генералното собрание, кои тоа го злоупотребуваат.
Повеќе од две третини анкетирани во Косово се против идејата за размена на територија, се вели во резултати од анкета во врска со процесот на дијалог меѓу Приштина и Белград, спроведена од Демократскиот институт на Косово.
Албанската министерка за одбрана Олта Џачка денеска предупреди на загрижувачка појава на пожари во Албанија во овој период, додавајќи дека само во текот на 17 дена на територијата на земјата се евидентирани повеќе од 90 пожари.
Српската премеирка Ана Брнабиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ во Њујорк на маргините на заседанието на Генералното собрание на Светската организација, се сретнаа со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Јавното обвинителство во Приштина побара 30 дена притвор за пратеникот во косовското Собрание, Шкумбин Демалиај, кој беше уапсен вчера попладне поради закани врз обвинител, јави дописникот на МИА од Приштина.
Грчкиот државен механизам е во состојба на готовност поради налетот на медитеранскиот циклон, соопшти генералниот секретар за цивилна заштита на Грција, Јанис Тафилис на прес-конференција, по состанокот со надлежните служби, претставници на грчката полиција, противпожарната служба, брзата помош, Министерството за одбрана, на општините, како и на грчката метеоролошка служба.