Силните ветрови и високите бранови кои во Јадранското Море достигнаа до пет метри височина, предизвикаа прекин на многу фериботски линии во хрватскиот град Сплит.
Договорот од Преспа е добар и за двете страни, па дури и политичари од партиите кои јавно се против признаваат дека не можеше да се постигне нешто подобро, вели за МИА новинарот од грчката државна телевизија ЕРТ, Фанис Папатанасиу, кој долги години го следи спорот со името, а на 5 јули направи интервју со македонскиот премиер Зоран Заев.
Хрватска предложи зголемување на возраста за пензионирање, која од 2031 би била 67 години, на што синдикатите одговорија дека ќе протестираат против предлогот.
Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос ги негираше тврдењата на грчки весник дека неговото Министерство злоупотребило европски средства наменети за подобрување на условите за живот на мигрантите во земјата.
Претседателството на најголемата косовска опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), на вчерашната седница донесе одлуки за преземање активности во врска со процесот на дијалогот меѓу Приштина и Белград и за одржување вонредни парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Приштина.
Српскиот претседател и лидер на Српската напредна странка (СНС) Александар Вучиќ на седница на Главниот одбор на СНС изјави дека неговата политика Србија доста работи да зачува на Косово доживеала пораз, бидејќите Србите повеќе сакаат да изгубат се.
Во рамки на воената вежба „Albanian Lion 2018” која се спроведува во неколку делови на Албанија, 1.200 припадници на албанската,британската и хрватската армија,како и на Безбедносните сили на Косово, денеска на плоштадот „Мајка Тереза“ во Тирана демонстрираа физичка подготвеност и воена опрема.
Албанската полиција кај Билишта и Врник, откри поголема група нелегални мигранти,меѓу кои и жени и деца.
Од болести на срцето и крвните садови во Србија секој ден умираат по 147 луѓе, а само лани крадиоваскулартните болести биле причина за смрт на 53.668 луѓе, јави Танјуг.
Изненадувачки силна бура дува денеска на широкотo подручје на Сплит, каде орканските удари на ветрот достигнуваат брзина од 122 километри на час. Во Подвелебитскиот канал брзината на ветровите е 150 километри на час, соопшти хидрометеоролошката станица Марјан.