Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти смета дека дијалогот со Србија можат да го водат единствено претставителни и легитимни институции, кои говорат во името на мнозинството граѓани на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Лидерот на опозициското Движење Самоопределување (ВВ) Албин Курти ја нарече „лична авантура“ на косовскиот претседател Хашим Тачи неговата идеја за корекција на границата со Србија и порача дека таа мора да се запре што е можно поскоро, јави дописникот на МИА од Приштина.
Кредитната рејтинг агенција Муди`с го зголеми кредитниот рејтинг на Црна Гора, и во новиот извештај е потврдена оценката на рејтингот Б1, со значителна промена во перспективата, од „стабилна" во „позитивна", пренесува Анадолија.
Косовскиот премиер Рамуш Харадиај идната недела ќе отпатува во официјална посета на Соединетите Американски Држави, каде што најави средби со премиери и делегации кои учествуваат на Генералното собрание на ООН, како и со американски сенатори, конгресмени и други претставници на официјален Вашингтон.
Несекојдневен настан е регистриран синоќа на Меѓународниот аеродром во Тирана.
Помина повеќе од половина од предизборната кампања во пресрет на изборите во Босна и Херцеговина. Како и сите години преходно, пораки се испраќаат преку предизборни собири и медиумски промоции, но и преку билборди од кои на граѓаните им се смеат ретушираните лица на босанскохерцеговските политичари.
Албанија безрезервно поддржува „добро воспоставен" дијалог меѓу Србија и Косово, изјави албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати.
Весникот наведува дека америкнските претставници ќе ја интензивираат својата активност по завршување на референдумот во Македонија, што ќе се одржи на 30 септември.
Косовскиот претседател Хашим Тачи смета дека дел од северните територии, населени со мнозинско српско население, Косово ги добило од некогашниот висок функционер на Србија и СФР Југославија Александар Ранковиќ и има намера истите да ги врати во замена за Прешевска Долина, објави денеска приштинскиот весник „Коха Диторе“.
Албанската полиција разби опасна криминална банда, осомничена за повеќе тешки кривични дела што последните месеци се случија во северниот град Скадар.