Во овој момент најверојатно сценарио е дека референдумот ќе помине, така се чини, но не сум жител на ПЈРМ за да знам, вели поранешната министерка за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани во интервју за грчкото радио „Њуз247“.
Претседателството на Собранието на Косово свика вонредна седница за утре, на чиј дневен ред, на барање на опозициските партии и на двајца независни пратеници, ќе биде ратификацијата на меѓународни договори, главно во рамките на ИПА програмата на Европската унија, со кои Косово ќе добие десетици милиони евра за разни проекти.
Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас изјави дека Берлин е скептичен во врска со идејата за корекција на границите, изнесена во преговорите меѓу Косово и Србија.
Во Албанија на сите патни правци кои поседуваат стандарди на автопат во иднина ќе се наплатува патарина. Ова го соопшти министерот за инфраструктура и енергетика, Дамиан Ѓикнури, откако почна наплатата на патарина на автопатот Тирана-Кукс-Морина наречен „Пат на нацијата“, додавајќи дека државниот буџет не може да ги задоволи потребите за одржување на националните патишта.
Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, на Форумот „Безбедоносни предизвици на Западен Балкан и Србија“ изјави дека решение за косовското прашање не е на маса и дека до него треба трпеливо да се дојде.
Новата заменичка министерка за цивилна заштита на Грција, Катерина Папакоста не откри дали ќе гласа „за“ или „против“ договорот од Преспа, велејќи „ќе го видите тоа кога ќе дојде време“.
Според бројот на жители, Албанија има најголем број затвореници во регионот. Според податоците прибрани од Организацијата Призон Стадис (Prison Studies) објавени во „World Prison Brief“, бројот на затвореници во Албанија на 100.000 жители изнесува 193. Во споредба со земјите во регионот, ова е најголем број.
- Можно е некој да ја изнајми вилата на подолг период, што би ги оправдало таквите инвестициски вложувања, а тоа да му се одбива од киријата, до половина од вредноста на недвижноста, појасни Воркапиќ.
Грчки танкер со илјада тони мазут утрово се насука во близина на пристаништето на грчкиот остров Милош во Егејското Море, но „засега нема информации за истекување на нафта", соопшти локалната полиција.
Кина очекува и во иднина да ја гледа Србија како независна, самостојна и силна, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со кинескиот премирер Ли Кечијанг во кинескиот град Тианџин.