Ќе направам се за овој договор да не дојде во парламентот. Но, ако договорот дојде во парламентот, тогаш немам друг избор, вели Панос Каменос повторувајќи го уште еднаш неговиот став дека Независни Грци ќе ја повлечат довербта за владата доколку Договорот од Преспа дојде за ратификација пред грчките пратеници.
Српскито министер за финансии Синиша Мали потпиша денеска договор во Пекинг меѓу Владата на Србија и кинеската компанија Шандонг Линглонг за вложувања во Зрењанин, вреден речиси милијарда долари.
Претседателот на Косово Хашим Тачи нагласи дека западните сојузници на Косово не можеле до денес да ја убедат Србија да ја признае независноста на Косово. Тие не можат да гарантираат дека тоа ќе го сторат ниту во блиска иднина.
Србија ќе набави од Кина шест беспилотни летала од новата генерација, од кои две се со оружје и можат да се употребуваат за елиминација на жива сила и непријателски објекти и техника, објави „Новости“.
Се чини дека не му кажаа дека „македонскиот јазик“ официјално го предаде Нова демократија во 1977, реагира шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас за вчерашната прес-конференција на лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.
Шефот на албанската држава, Илир Мета, денеска ќе оствари официјална посета на Ватикан, каде на посебна аудиенција ќе биде примен од Папата Франциско.
Авион на компанијата „Визер“ вчеравечер принудно слетал во Загреб поради чад во кокпитот. Летот од Ниш до Базел бил пренасочен кон аеродромот во Загреб, „Фрањо Туѓман“ додека се наоѓал во воздушниот простор на Австрија. Три лица побарале лекарска помош.
Министерството за внатрешни работи на Србија задржа 220 лица во текот на последните неколку денови, осомничени за економски и криминални дела, наведе денеска српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.
Шефот на албанската држава, Илир Мета, утре ќе оствари официјална посета на Ватикан, каде на посебна аудиенција ќе биде примен од Папата Франциско.
Партијата за правда, интеграција и единство на Шпетим Идризи или попозната како партија на Чамите, (ПДИУ) денеска и официјално стана дел од обединетата албанска опозиција.