Партијата за правда, интеграција и единство (ПДИУ) на Шпетим Идризи, која е попозната како „партија на Чамите“, ја напушти владејачката коалиција на социјалистите на албанскиот премиер Еди Рама и почна разговори со опозициската Демократска партија за заеднички настап на локаланите избори.
Белградскиот аеродром „Никола Тесла“ денеска околу 11 часот е отворен за сообраќај по неколкучасовен засој до кој дојде откако патнички авион на авикомпанијата „Египет Ер“ без патници слета на аеродромската писта, каде застана поради технички проблеми.
Косовскиот претседател Хашим Тачи утрово го одликува амбасадорот на САД Грег Делави со Орденот на 10-годишнината на Независноста на Косово. Орденот на Делави му се доделува на крајот на неговата дипломатска служба во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Бројот на загинати во катастрофалните пожари од 23 јули во источниот дел на областа Атика се искачи на 99, откако 26-годишна девојка им подлегна на здобиените повреди во една од атинските болници.
Белградскиот аеродром „Никола Тесла“ од утрово е затворен за сообраќај, откако патнички авион на авикомпанијата „Египет Ер“ без патници слета на аеродромската писта, каде застанал поради технички проблеми.
Три можни сценарија се предвидени за периодот меѓу октомври и декември 2018, во зависност од исходот и резултатот од референдумот согласно временскиот период предвиден во Договорот од Преспа, објавува грчкиот весник „Катимерини“.
Британскиот весник „Експрес“, повикувајќи се на агенцијата Нова информира дека Пахор рекол оти ЕУ е ослабена со Брегзит и „можеби ќе мора да ги одложи плановите за проширување кон Западен Балкан“.
На средбата на следната „ЕУ тројка“ биле разменети мислења за заедничките приоритети во текот на нивното 18-месечно претседавање со Унијата, а станало збор и за актуелни теми поврзани со блокот.
Лидерот на Независни Грци објасни дека било во интерес на соседите „да ги прифатат грчките позиции“, бидејќи Грција сака да помогнеме и економски, „но не може да се фалсификува историјата и да се употребува името Македонија“.
Знаете дека со години ја стававме главата во песок, 140 земји, меѓу нив и најмоќните како САД, Кина, Русија, ја признаа оваа земја под нејзиното уставно име, а тоа име е само Македонија. Сите лидери ја нарекуваа Македонија и никој не изгледаше иритирано.