Позициите на Движењето на промена во однос на економијата, но и за Договорот од Преспа ги претстави претседателката на партија во нејзиниот говор во рамките на Меѓународниот саем во Солун.
Претставници на етничките Албанци кои живеат во јужните српски општини Прешево, Бујановац и Медвеѓа денеска упатија повик за обединување со Косово.
Во рамките на Бледскиот стратегиски форум кој започна денеска во Словенија, една од 24-те теми на дискусии ќе биде состојбата на Балканот.
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека би сакал да ја посети Прешевската долина, но дека постојат пречки поради пресудата на српските власти. Тачи така одговори на пишувањето на некои медиуми дека в среда планирал да ги посети општините на југот на Србија, каде што живеат Албанците, објавија белградски медиуми.
Претставници на европските институции се повторно во Грција за да го проверат текот на економските реформи во земјата, три недели откако заврши третата меѓународна спасувачка програма за земјата, пренесува БТА.
За економијата, но и за Договорот од Преспа, од опозициската Нова демократија, упатуваат критики до Владата, во реакцијата за активностите на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Меѓународниот саем во Солун.
По последната рунда преговори во петокот помеѓу претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, од Европската комисија нема јавни коментари за идеите за размена на територии и поделба на Косово, кои се почесто се споменуваат, јави дописничката на МИА од Брисел.
Европската комисија денеска побара „недвосмисленост од Србија“ во врска со вчерашните изјави на српскиот претседател Александар Вучиќ во Косово за „ликот и делото на Слободан Милошевиќ“, јави дописничката на МИА од Брисел.
По повод најавите дека косовскиот претседател Хашим Тачи в среда ќе ги посети општините во Прешевската Долина во Србија, српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека полицијата во овој, како и во кој било друг случај, ќе постапи во рамките на посточките судски налози.
Косовскиот претседател Хашим Тачи ќе се сретне денеска со лидерите на албанските политички субјекти од Прешевската Долина, односно од Прешево, Медвеѓа и Бујановац, јави дописникот на МИА од Приштина.