Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти денеска информира дека вонредната собраниска седница, на барање на опозицијата, за усвојување на резолуција, со кој ќе му забрани на претседателот Хашим Тачи и на кој било друг да преговара за територијалниот интегритетна Косово, ќе се одржи на 4. септември, јави дописникот на МИА од Приштина.
Пилотот го загуби животот, додека пак копилотот успеа да го преживее падот на авионот за обука на грчкото воено воздухопловство за време на специјална вежба помеѓу грчките градови Триполи и Спарта на полуостровот Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Белград ги прими заменикот на претседателот на фракцијата ЦДЅ/ЦСУ во германскиот Бундестаг, пратеникот Јохан Вадефул и советникот за надворешни работи на оваа фракција Ханс-Јоаким Фаленски.
Иселените Срби од Ѓаковица кои денеска најавија дека ќе го чествуваат празникот Успение на Пресвета Богородица во тамошниот манастир, се откажаа од намерата по големиот протест на локалните Албанци, јави дописникот на МИА од Приштина.
На 6 ноември во Патријаршијата во Белград ќе се одржи вонредна седница на Светиот архиерејски Собор на Српската православна црква (СПЦ), на кој една од темите ќе биде состојбата во Косово и изнаоѓањето на компромисно решение по ова прашање.
Во одговорот на отвореното писмо на Здружението на мајките од Ѓаковица, кои побараа од него да ги спречи српските верници да дојдат на чествување на Голема Богородица во тамошниот манастир, Тачи напиша на Фејсбук дека сочувствува со болката на мајките кои ги загубија своите најмили.
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека на Србија и се дава историска можност да добие нешто за своите луѓе и граѓани во Косово.
Албанците во Ѓаковица, западно Косово, почнаа протест против најавеното доаѓање на иселените Срби кои, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), доаѓаат да го посетат локалниот православен манастир и нивните домови, јави дописникот на МИА од Приштина.
На предлог од грчкиот премиер, министерот за внатрешни работи на Грција, Панос Скурлетис, со 126 гласа „за“ од 144 членови кои што гласаа, синоќа беше избран за нов секретар на СИРИЗА.
Американскиот претседател Доналд Трамп во Сенатот ја упати номинацијата на Ерик Џорџ за амбасадор на САД во БиХ, соопшти денеска Белата куќа.