На предлог од грчкиот премиер, министерот за внатрешни работи на Грција, Панос Скурлетис, со 126 гласа „за“ од 144 членови кои што гласаа, синоќа беше избран за нов секретар на СИРИЗА.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, со оваа промена и со отвореното место во Министерството за внатрешни работи, се отвори патот за реконструкција на грчката влада, реконструкција која во Грција се споменуваше уште минатата седмица, но веројатно е дека ќе се случи или во текот на денешниот или во следните денови.

Според грчките медиуми, неколку министри ќе останат непроменети, на нивните досегашни функции. Меѓу нив се шефот на грчката дипломатија, Нккос Коѕијас, министерот за одбрана Панос Каменос, министерот за финансии Евклидис Цакалотос, како и портпаролот на владата Димитрис Ѕанакопулос. Промени ќе има во министерствата за внатрешни работи, за дигитална политика и телекомуникации, за поморство.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2018 16:13