На 6 ноември во Патријаршијата во Белград ќе се одржи вонредна седница на Светиот архиерејски Собор на Српската православна црква (СПЦ), на кој една од темите ќе биде состојбата во Косово и изнаоѓањето на компромисно решение по ова прашање.

Според белградскиот весник „Новости“ одлуката за одржувањето на Саборот донесена е на редовното пролетно заседание на ова највисоко тело на СПЦ.

- Во врвот на СПЦ наведуваат дека состојбата со Косово се наметнува за дискусија на највисоко ниво во црквата, а меѓу епископите постојат силни струи на оние кои сакаат да го отворат ова прашање, така што СПЦ повторно ќе завземе став по ова прашање. Црквата ќе мора што е можно поскоро да заземе дефинитивен и јасен став за ова прашање, објави „Новости“, потсетувајќи дека повеќе високи црковни великодостојници од патријархот Иринеј уште минатата година барале одржување на посебна саборска седница посветена за Косово.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2018 16:30