На аеродромот во Тиват започна изградба на нова зграда на терминал за заминување со површина од 1.300 метри квадратни, објави на Фејсбук извршниот директор на аеродромот, Данило Орландиќ.
Oд саботата вечерта кога беше регистриран земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала во Околијата Пешкопеја, регистрирани се вкупно 42 земјотреса.
Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Авдулах Хоти изјави дека идејата на претседателот Хашим Тачи за корекција на границите им оди во прилог на српските претставници кои водат политика на одбојност кон косовските институции и ги потхранува нивните надежи дека Косово може да се подели.
Москва е подготвена да ја поддржи Република Српска во иницирањето на прашањето за осамостојување од Босна и Херцеговина, пред се во контекст на преговорите за конечното решение за Косово, кои се очекува да бидат интензивирани во текот на септември, тврди белградскиот весник „Вечерње новости“.
Косовските опозициски партии најавија дека заеднички ќе организираат протести, со цел да го спречат претседателот Хашим Тачи да го води дијалогот со Србија и на преговарачка маса да го постави прашањето за промена на границите, јави дописникот на МИА од Приштина.
Поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша ги повика албанските граѓани да се „кренат на народна револуција“ против актуелната власт.
Српската ветеринарска инспекција заплени и уништи 23 тони јунешко месо, кое во Србија било прошверцувано од Бразил. Како што објави „Политика“, запленетото шверцувано месо требало да биде доставено до фирма во српскиот град Ќуприја.
Бразилските власти соопштија дека во пристаништето Сантос откриле и заплениле 1,3 тони кокаин, на брод кој пловел под италијанско знаме.
Албанската полиција на граничниот премин „Муриѓан“ на албанско-црногорската граница уапси шведски државјанин кај кого открила 19 пиштоли,калибар 7,65 милиметри.
Косовскиот Национален институт за јавно здравство потврди денеска дека во Косово една 82-годишна жена починала од западнонилска треска, а друга, 52-годишна, која била заразена од истиот вирус, е излекувана и пуштена на домашно лекување, јави дописникот на МИА од Приштина.